Stomp Aqua

Manufacturer
BASF
Category
Herbicides
Registered until
N/A
Registration number
17-613
Active materials
Механизам на делување:
Активната материја го инхибира делењето и растењето на клетките главно кај меристемските ткива на корените и стеблата на чувствителните плевели. Придвижувањето на активната материја од коренот кон врвот е ограничено. Активната материја се прифаќа главно од коренот , а помалку од листовите. Третираните изртени плевели се уништуваат пред или веднаш по изникнувањето.
Време на примена:
Пченка, пченка+грав, грав
– во почеток на вегетацијата и до 2-от лист на плевелите во доза од 4 L/ha или по сеидба пред никнење во доза од 3,5 L/ ha.
Сончоглед
– 1-от до 2-от лист на културата во доза од 4 L/ha, односно до 2-от лист на плевелите.Или по сеидба а пред никнење во доза од 3,5 L/ha.
Памук – по сеидба во доза од 3,5 - 4 L/ha.
Кромид – по сеидба на културата, во доза од 3,5 - 4 L/ha.
Наут – по сеидба пред никнење во доза од 3,5 - 4 L/ha.
Тутун- пред расадување на културата, во доза од 3,5 - 4 L/ha.
Кориандер – по сеидба пред никнење во доза од 3,5 - 4 L/ha.
Компир- по сеидба пред никнење во доза од 3,5 - 4 L/ha.
Потрошувачка на вода 300-400 L /ha
 
Примена
Stomp Aquа е селективен хербицид системичен (транслокационен), почвен хербицид кој се применува во голем број претходно споменати култури. Оптимално дејство на хербицидот се јавува кога се применува по сеидба пред никнење на културата, при нормална влажност на почвата и добра почвена обработка, при што активната материја се раствора и подобро
се распоредува во површинскиот слој на почвата од 2-3 cm, формирајќи стабилен хербициден слој.
Поминувајќи низ тој слој, плевелите кои изникнуваат стапуваат во контакт со активната материја, апсорбираат дел од неа и се уништуваат. Многу добро е дејството на хербицидот и рано во текот на вегетацијата, но плевелите не треба да бидат поголеми од а 1-2 листа. Во тој случај особена предност има борбата против Sinapis arvensis L. (полски синап).
 
Подготвување на растворот
• пред третирањето да се провери чистотата и исправноста на прскалката и дизните;
• се одредува количината на работниот раствор;
• резервоарот на прскалката се полни со 1/2 до 2/3 вода;
• пресметаната количина на препаратот се истура во резервоарот и се меша; резервоарот се дополнува со остатокот на вода и се меша се додека не се добие хомогенизиран раствор;
• се започнува со прскањето, при што треба да се има предвид дека многу е важно доброто и рамномерно прскање на добро подготвената почва;
• за време на прскањето растворот треба постојано да се меша со механичка мешалка или со враќање на дел од растворот назад во резервоарот;
• при прекинување на работата, растворот треба повторно внимателно да се промеша.
 
Registered for culturesRateBBCHPreharvest Interval
Corn3.5 - 4 l060
Beans3.5 - 4 l0
Sunflowers3.5 - 4 l0 - 1260
Cotton3.5 - 4 l060
Onions3.5 - 4 l060
Chickpeas3.5 - 4 l040
Tobacco3.5 - 4 l0
Cilantro3.5 - 4 l075
Potatoes3.5 - 4 l060
Winter wheat4 l0 - 1660
Leeks4 l040
Peas4 l060